Заедничкиот корејски индустриски комплекс Каесонг на 16. септември ја обновува работата

Од:

Северна и Јужна Кореја се договорија заедничкиот индустриски комплекс Каесонг повторно да го пуштат во работа на 16. септември, соопшти јижнокорејското Министерство за национално обединување.

До одлуката за рестартирање на комплексот се дојде по преговорите што треале до доцна во ноќта.

Преговорите се водени од претставници на двете земји, кои влегуваат во составот на неодамна формираната заедничка комисија за управување со Каесонг.

Комплексот се наоѓа на територијата на Северна Кореја. Тој беше затворен на почетокот на годината по заострувањето на односите меѓу двете земји. Пјонгјанг тогаш повлече 53.000 свои работници од Каесонг.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња