Грција ќе добие службена влада

Од:

Привремена влада која ќе ја одведе земјата до изборите на 25. јуни. Ова е исходото д лидерската средба која денеска ја прганизирашен претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу.

На средбата присуствуваа петте партии што обезбедија место во грчкиот Парламент: претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, на СИРИЗА Алексис Ципрас, на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, на Грчко решение Кирјакос Велопулос, како и генералниот секретар на Комунистичката партија Димитрис Куцубас.

Мандатот им беше доделен на трите најдобро пласирани партии на изборите од неделата, но сите се согласиле дека нема услови за формираше влада по што ќе мора да се одржат нови избори.

Претседателката се сретна со претседателот на Судот на ревизори, Јоанис Сармас кому му ја довери задачата да ја формира привремената влада. Тој ќе положи заклетва утре на пладна во Претседателската палата.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески