Најмалку девет лица загинаа, а неколку се водат како исчезнати откако поројниот дожд го зафати северниот италијански регион Емилија-Ромања, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.
Околу 10.000 луѓе се евакуирани, а некои граѓани мораа да бидат извлечени од покривите со хеликоптери.
Властите соопштија дека 14 реки се излеале од коритата, поплавувајќи 23 градови.
Градоначалникот на Равена изјави дека неговиот град сега е непрепознатлив.
Големата награда на Формула 1 која требаше да се одржи викендов во Имола, локација блиску до многу од најтешко погодените области, е откажана во обид да се намали притисокот врз службите за итни случаи и да се спречат љубителите на трката да се соберат во погодениот регион.