Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Од:

Претседателот Стево Пендаровски го одби барањето за помилување на Катица Јанева, поранешен специјален обвинител.

„Исто така и Комисијата за помилување, којашто е помошно работно тело во Кабинетот на претседателот даде негативно мислење по барањето за помилување на Катица Јанева“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Катица Јанева, поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство испратила барање за помилување до претседателот Стево Пендаровски, односно до Комисијата за помилување која е редовно работно тело во рамки на кабинетот.

Барања за помилувања испратиле и поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски и бизнисменот сеад Кочан кој за разлика од претходните двајца кои побарале по првпат помилување од претседателот, побарал да добие помилување и пред две години, но бил одбиен.

Постапката за помилување на осудени лица од страна на Пендаровски почнува со молба за помилување до судот кој донел првостепена одлука, а потоа молбата судот ја доставува во Министерството за правда. Ресорниот министер ги разгледува документите и дава свои предлози до Комисијата за помилување на претседателот.

Комисијата чиј претседател е Уранија Пировска, утврдува мислење кое потоа го доставува до Пендаровски а тој врз основа на овие мислења донесува конечна одлука.

Поранешната специјална обвинителка е осудена на седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Би можело да ве интересира

Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување

Горан Наумовски

Колективна оставка на членовите на Комисијата за помилување

А1он

Мицкоски: Случајот со помилувањето е кукавичко јајце оставено од претходната Влада

А1он

СДСМ: Апсењето на Равманоски е обид на власта да го покрие скандалот со помилувањата!

Горан Наумовски

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

СДСМ: Со помилување криминалци ВМРО ДПМНЕ го честиташе Денот на револуционерната борба