(ВИДЕО) Милошоски: Граѓаните знаат дека СДС и ДУИ работат на штета на народот

Од:

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во собранието при теренски активности во радовишката околина разговараше со граѓаните за економските и политичките проблеми во државата.

-Денес имаме посета во радовишката околија и разговараме за главните проблеми, економски, политички и тоа што го размислуваат граѓаните, тоа што може да се заклучи е дека без разлика на тоа како граѓаните гласале на претходните парламентарни избори, денеска преовладува заклучокот дека во оваа влада главната партија е ДУИ, за жал која што работи на штета на интересите и некономските и политички на Македонија. А СДС е сведена на една помала партија, под изведувач кој што веќе нема сила и авторитет да го наметне тоа кое што го ветуваше пред изборите, рече Милошоски.

Милошоски порача дека граѓаните решението за овие проблеми го гледаат во избори се со цел да се поправат грешките кои ги наметна власта.

-Затоа сметаат луѓето дека решението е во избори, оваа влада да си даде оставка за да може да имаме шанса да ги поправиме овие грешки со кои што се соочуваат сите луѓе во Македонија, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ