Шефот на Вагнер му се заканува на Макрон: Ќе ти ги извадиме забите од таа злобна уста со клешти

Од:

Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, не го криеше гневот од одлуката на францускиот парламент кој неговата група платеници ја прогласи за терористичка организација. Тој испрати директна закана до францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Politico.

На прашањето на руските новинари, Пригожин рече дека Вагнер ги спасува луѓето во Централна Африка од француски војници, кои „едноставно ги исмевале“. Членовите на Вагнер стекнале силни упоришта во Централна Африка и на тој начин го истиснале француското присуство во тој регион.

„Можеме да користиме клешти за да ги отстраниме скапаните заби од таа зла уста. Можеме да ги извадиме забите на Макрон и, воопшто, на секој што истура патогена нечистотија (за Вагнер)“, рече Пригожин. Во вторникот француските пратеници ја повикаа Европската унија да ја стави Вагнер како терористичка група и да користи повеќе правни алатки за да ја блокира финансиската активност на Вагнер во Европа.

ЕУ воведе санкции за Пригожин во април минатата година. „Тие не се само платеници, постои волја да се масакрираат цивили за политичка корист, да се дестабилизираат институциите“, рече Бенџамин Хадад, пратеник од партијата на Макрон, пред гласањето во вторник.

Платениците на Вагнер презедоа активна улога во целосната инвазија на Кремљ на Украина и покрај тековниот јавен политички конфликт меѓу Пригожин и руските претставници на одбраната. Паравоената група главно е вклучена во битката за Бахмут, град во источна Украина, кој е сцена на жестоки борби во последните месеци.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски