Јотова ќе му го предаде бугарскиот пасош на Пендиков со највисоки државни почести

Од:

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова ќе му ги предаде бугарските лични документи на Кристијан Пендиков на церемонија со највисоки државни почести.

На 10 мај, среда, во 13 часот и 30 минути по македонско време, на свеченост во Гербовата сала потпретседателката Илијана Јотова на македонскиот државјанин Кристијан Пендиков ќе му ги предаде бугарските лични документи.

Илијана Јотова го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.

Секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, кој е роден Охриѓанец што од неодамна има бугарска самосвест, Христијан Пендиков, беше нападнат и претепан во Охрид наводно поради тоа што се чувствувал како Бугарин.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

Јотова и Валчев водат со над 57 отсто од гласовите на претседателските избори во Бугарија

Вкупно 352 Бугари во Македонија гласаa на изборите за претседател на Бугарија – најмногу за двојката Јотова и Влчев

Горан Наумовски

Бугарија избира претседател: Јотова со предност во анкетите

Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев, се бара на протестите во Бугарија

А1он