Генералниот секретар на фудбалскиот сојуз на Србија, Зоран Лаковиќ, потврдил дека е направен првиот чекор за добивање на право за организирање на Европското првенство во фудбал.
Белград и официјално е еден од 13 кандидати. Условот за некој град да се пријави е да има стадион со капацитет од 50.000 места, но има и можност два града со по 30.000 места.
– Аплициравме, и сега претстојат сериозно преговори со власта и со градот. Државата мора да гарантира дека се работи за сериозна кандидатура. Една опција е да се адаптира некој од постоечките стадиони, а другата е да се изгради Национален стадион. Следната селекција е на 25 април следната година и до тогаш мора да бидат завршени преговорите со државата – изјави Лаковиќ.