На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како туристите на Хаваи паднале со својот автомобил во морето откако ги следеле инструкции на ГПС по кој пат да одат.
Во автомобилот имало две лица и веднаш им била укажана помош, а возачот и сопатникот безбедно го напуштиле возилото. Двајцата мажи веднаш им пришле на помош на двете жени кои биле во возилото. Сепак, автомобилот не беше спасен.
Two tourists in Hawaii mistakenly followed a GPS route straight into a harbor, and remained stuck while water poured in their car — until a sailboat crew rescued them. pic.twitter.com/g7QG0VNcRE
— CBS News (@CBSNews) May 3, 2023
Возилото за многу брзо пропадна на дното од морето. Прилично сум сигурна дека тоа не требаше да се случи, изјави девојката која ја снимаше целата ситуација. Таа подоцна во полицискиот извештај објаснила дека екипажот на едрилицата бил сведок како автомобилот влетал директно во пристаништето до нив.
„Сцената беше неверојатна, сите се прашувавме што се случува! Патниците беа туристи кои се обидуваа да најдат туристичка компанија во пристаништето и ги следеа упатствата на ГПС, кога погрешно свртија во водата“, рече таа.
Бројни корисници на социјалната мрежа ја коментираа ситуацијата. „Гледаат ли низ шофершајбната, што нема да видам во денешниот свет?“, „Значи, кога ќе видиш вода, не застануваш, туку продолжуваш да возиш со сета сила, не разбирам?“, „ Тоа беше скап одмор“, напишаа некои.