„Ти си следна“, 16-годишник од Скопје доби кривична – се заканувал по живот на класната

Од:

Малолетник, на возраст од 16 години доби кривична пријава поради загрозување на безбедноста.

Средношколецот на социјалните мрежи постирал фотографии со закана по живот кон професори.

Според информациите на А1он малолетникот објавувал фотографии од пиштол со порака до професорите ,,ти си следна“

Овие фотографии стасале до директорот на училиштето кои видно вознемирен веднаш пријавил во полиција.

Полицијата веднаш превзела мерки и како што потврдија за А1он малолетникот заработил кривична пријава и ќе одговара за стореното, бидејќи има навршено 16 години.

Средношколецот е од средно училиште во подрачјето на Општина Карпош, бил приведен на распит од службеници на ЕВР Карпош.

„На 05.05.2023 полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје привеле 16-годишен малолетник- ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори. Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.“, велат од МВР за А1он.

Кривичната пријава против малолетникот ќе биде предмет на обработка во Основното јавно Обвинителство во Скопје.

Би можело да ве интересира

Повреден е малолетник, падна од мопед – не застана на полициски знак

А1он

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје