Сириски медиуми: Израел истрела проектили на градот Хомс, повредени тројца цивили

Од:

Во израелски ракетен напад, извршен ноќеска, тројца цивили се повредени во близина на Хомс во централна Сирија, објавија сириските државни медиуми.

„Израелскиот непријател изврши воздушен напад со неколку проектили кои доаѓаа од правец на северен Либан, насочени кон неколку позиции во близина на градот Хомс“, јави официјалната агенција САНА.

„Тројца цивили се повредени, една цивилна бензинска пумпа се запали, а изгореа неколку цистерни со гориво и камиони“, додава агенцијата, додавајќи дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала дел од проектилите.

Според Сириската опсерваторија за човекови права (OSHR), организација со седиште во Обединетото Кралство со широка мрежа на извори во Сирија, „израелските проектили уништија складиште за муниција на воениот аеродром Дабаа, што му припаѓаше на либанскиот Хезболах“. Без информации за жртви, OSDH објави „силни експлозии“ и пожари.

Од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, Израел изврши стотици воздушни напади, главно насочени кон силите поддржани од Иран и Хезболах.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија