Видеото, кое е споделено на социјалните мрежи и собра стотици илјади прегледи, го прикажува најголемиот турски град кој ненадејно потона во темница, откако го зафати тежок, застрашувачки црн облак што се надвисна над градот.
Како што известија од Турскиот метеоролошки завод, “облак дебел 7 километри поминал над Истанбул. Во меѓувреме Сонцето исчезнало 5 минути, а денот се претворил во ноќ. Некои коментирале дека доаѓа апокалипсата..”
Додека темниот облак се движеше над Истанбул, градот беше преплавен од силен дожд. Необична глетка ги преплаши граѓаните на градот на Босфорот.
„Крајот е близу“, коментираше едно лице кое го сподели видеото, додека друг корисник се запраша: „Што е тоа по ѓаволите?!“
İstanbul'un üzerinden 7 kilometre kalınlığında bir bulut geçti. Bu esnada 5 dakikada güneş yok oldu, gündüz geceye döndü. Bazı insanlar kıyamet yorumu yaptı. İşte o anlar… 👀 pic.twitter.com/BmJlbSMX5U
— Hava Forum (@HavaForum) April 18, 2023
Сајтот TechnoPixel, кој се занимава со слични метеоролошки феномени, сугерира дека овој густ облак можеби бил особено голем кумулонимбус со темна боја. Кумулонимбусните облаци, познати и како облаци со громови, често имаат темна, ниска основа, достигнувајќи само неколку стотици метри над земјата. Тие се единствените облаци кои произведуваат град, грмежи и молњи, а носат и обилни врнежи. Тие можат да изгледаат екстремно темни бидејќи пропуштаат многу малку или воопшто светлина.
İstanbul'un üzerinden 7 kilometre kalınlığında bir bulut geçti. Bu esnada 5 dakikada güneş yok oldu, gündüz geceye döndü. Bazı insanlar kıyamet yorumu yaptı. İşte o anlar… 👀 pic.twitter.com/BmJlbSMX5U
— Hava Forum (@HavaForum) April 18, 2023
Голем број корисници на Твитер во Истанбул споделија слики додека облакот се наѕираше над градот, за по оидредено времето се да добие поетски пресврт откако облаците поминаа – вклучително и огромното виножито кое доминираше на небото на градот.