Ќе паѓа цената на становите во Скопје, државата најави регулација

Од:

Цената на становите ќе се намалува во следниот период благодарение на намалувањето на цените на градежните материјали, смета директорот на јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргиев.

„И сега има некое намалување на градежните материјали според она што се движи сега. Ние, како државна компанија сме регулатор на цената. Затоа сега за брзо време ќе почне градба во стара воена пекара, за да можеме на ова лудило што е фатено во земјава околу цената на квадратен метар, да му бидеме некаков регулатор. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад надолу“, рече директорот Ѓоргијев по увидот во градежните работи за изградба на социјална зграда во општина Бутел.

Акционерското друштво почнува да гради на нови локации со што дополнително ќе влијае на намалување на цената на станбениот квадрат во Скопје и во поголемите градови во внатрешноста која во просек скокна за 30-40% во последните две години.

Би можело да ве интересира

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

СДСМ: Ние намаливме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

Горан Наумовски

Дурмиши: Цените не се замрзнуваат, маржата се ограничува до 10 отсто

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Голем пад на цените на новите станови во Кина