Формиран нов сојуз против Русија

Од:

Формиран е сојуз од пет земји со цел да се намали влијанието на Русија на глобалниот пазар на нуклеарна енергија. Обединетото Кралство, САД, Канада, Јапонија и Франција постигнаа договор на форумот за нуклеарна енергија на самитот на Г7 во Сапоро, Јапонија. Според соопштението на британската влада, групата ќе ги користи „соодветните ресурси и способности“ на своите нуклеарни централи за да ја поткопа руската контрола врз синџирите на снабдување.

„Овој договор ќе поддржи стабилно снабдување со гориво за денешните потреби, како и гарантира безбеден и сигурен развој и примена на гориво за утрешните напредни реактори“, се вели во соопштението.

Според трудот на Универзитетот Колумбија од 2022 година, речиси 10% од нуклеарните реактори надвор од Русија се направени со руска технологија. Оние во Русија сочинуваат речиси 10% од глобалниот удел, со уште неколку во развој.

Би можело да ве интересира

Членките на Г7 заклучија: Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска