По информациите дека веќе е во тек реализацијата на новиот модел на образованието, според кој предметот Историја, Географија и Етика на религиите ќе биде отстранет, а ќе има и спојување на некои други предмети, АлтернАтив смета дека овој концепт е штетен и бескорисен за нашата држава и општество велат од партијата/
– Додека бевме во владата, ние го спречивме спроведувањето на овој модел, но новите владини партнери, како и министерот за образование – како набљудувачи на процентите на коридорите и рамнодушни кон образованието на помладите генерации – не се грижат за оваа тема.
Имено, би сакале да појасниме дека отстранувањето на предметот Историја ја повредува колективната институционална образовна меморија за учениците, но и отсуството на Географијата нема помалку да му наштети на нивното формирање како идни интелектуалци. Младиот човек кој нема да ја знае историјата на својата нација и својата татковина ќе биде соодветен на стандардите на општеството без идентитети и ќе биде лишен од неговата автохтона основа и од неговиот национален идентитет. Во меѓувреме, со отстранувањето на предметот Етика на религиите и ставањето на предметот Сексуално образование, се настојува моралот на идните млади луѓе повеќе да не биде како оној на нивните родители и баби и дедовци, туку да има етика која се коси со целото наше етичко историско наследство се вели во соопштението од Алтернатива.
Од партијата велат и дека ќе се борат против овој модел на образование со сите политички средства, а ако дојдат на власт ќе ја ревидираат одлуката.
– Во оваа прилика го повикуваме министерот за образование да го повлече овој предлог, бидејќи ќе се соочи со нашата најсилна институционална реакција, а ги повикуваме и сите други организации кои се занимаваат со темата на образованието, како и верските заедници да ни се придружат во оваа агенда и да не дозволиме никој да ги третира нашите деца како бели стаорци за социјални експерименти според нивните идеолошки хирови. Образованието е премногу сериозна работа за да се остави во рацете на неодговорните и несериозните луѓе, порачуваат од Алтернатива.