Денеска, со почеток од 18 часот, клубот кој е гордоста на Аеродром и македонската кошарка – МЗТ Скопје, го игра најважниот натпревар во оваа сезона, од кој зависи иднината и опстанокот во елитното јадранско натпреварување. Натпревар во кој МЗТ Скопје не се бори само за опстанок во најпрестижната АБА 1 лига, туку и за промоција на македонската кошарка пред најмоќните и најголемите клубови на Балканот, велат од Општина Аеродром.
– Влезот за натпреварот е бесплатен, а можноста за победа е голема. На кошаркарите на МЗТ Скопје им треба нашата поддршката повеќе од кога било. Ги покануваме сите љубители на спортот, фанови и поддржувачи на МЗТ, како и сите оние кои ја сакаат кошарката, да присуствуваат на денешниот натпревар и си тоа да дадеме поддршка за останување на МЗТ во АБА лигата, соопштуваат од Општина Аеродром.