Директорот на АМС Наумче Мојсовски поднесе тужба за клевета против ДКСК

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Во тужбата, како што кажа претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на денешната седница, Комисијата се товари дека јавно објавувала информации за директорот на АМС.

-Станува збор за предмет кој во континуитет се работи две години. Го изанализиравме функционирањето на АМС во целина, дадовме препораки кои директорот не ги реализира, рече Ивановска.

Членот на ДКСК Владимир Георгиев посочи дека фактите во извештајот на ДКСК за директорот на АМС, што се изнесени на една од претходните седници на Комисијата, се засноваат на факти за работењето на директорот доставени од Агенцијата или од други надлежни институции.

Членот на ДКСК Нури Бајрами, пак, посочи дека не му е јасно како едно службено лице не препознало дека седниците на ДКСК се јавни и дека Комисијата е можеби потранспарентна од тоа што е предвидено со закон.

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови се доказ, ги праќаме во соопштение сами нека воочат

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД

ДКСК: Дипломатскиот пасош е право, а не привилегија, службени возила не сме побарале

ДКСК оформила предмети за заменик директорката во Агенцијата за разузнавање и за поранешниот заменик министер во МВР