(ВИДЕО) Протест на сексуалните работнички во Амстердам: Не можеме да заработиме доволно со скратено работно време

Од:

Новите правила за сексуалните работници стапија на сила на 1 април. Со нив се бара од сексуалните бизниси во Амстердам да ги затворат своите врати во 3 наместо во 6 часот наутро, според официјалните лица, за да се борат против, како што велат локалните власти, непријатното однесување на луѓето кои го посетуваат квартот на „црвените фенери“.

Намалените часови доаѓаат во време на тековната кампања на градскиот совет за преместување на сексуалните работници во „еротски центар“ надвор од центарот на градот.

Неколку сексуални работнички изјавија за CNN дека реформите насочени кон нив ја зголемуваат стигмата и велат дека веруваат дека се неправедно дискриминирани и користени како жртвени јагниња за проблемот со масовниот туризам во градот.

Портпаролот на заменик-градоначалникот на Амстердам, Софјан Мбарки, изјави за Си-Ен-Ен дека пакетот мерки е дизајниран да го направи градот погоден за живеење, тврдејќи дека „сега мораме да избереме ограничувања наместо неодговорен раст“.

Фелисија Ана е поранешна сексуална работничка која живее во Амстердам 13 години, а сега е претседател на Red Light United, синдикат на „прозорски работници“ во областа на „црвените фенери“ во Амстердам.

Ана вели дека намалените часови драстично ќе го намалат приходот за „работниците во прозорците“, оставајќи многумина едвај да можат да ги покријат трошоците како што се изнајмување прозорска соба и такси за безбедно да се вратат дома.

„Повеќето работници почнуваат со работа по 12 или еден часот по полноќ, кога баровите почнуваат да се затвораат“, изјави Ана за Си-Ен-Ен. „Сега имате можеби два часа да заработите пари, што не е доволно.

Виолет е сексуална работничка и координаторка на Информативниот центар за проституција (ПИЦ), организација со седиште во Амстердам која обезбедува информации и едукација за сексуалната работа. Виолет вели дека намалените часови особено ќе се одразат на трансродовата заедница, истакнувајќи дека многу клиенти кои доаѓаат помеѓу 3:00 и 6:00 часот, бараат трансродови сексуални работници.

Во позадина на новото работно време е посебен притисок од градскиот совет да се затворат излозите и да се преселат сексуалните работнички во еротски центар надвор од центарот на градот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израелци претепани во Амстердам, Нетанјаху вели: Испраќаме спасувачки авиони

Горан Наумовски

ВИДЕО: Полицијата бркаше активисти на аеродромот во Амстердам, возеа велосипеди и блокираа авиони

Повеќе лица излегле од продавница во Амстердам каде вооружено лице држи заложници

А1он

Заложничка драма во продавница на Епл во Амстердам

А1он

ВИДЕО: По смртта на јутјуберката, Бака Прасе остана без пари и чисти во Амстердам

А1он

ВИДЕО: Хаос во Амстердам поради новите мерки, полицијата со водени топови ги растера демонстрантите