Монструм од Загреб со години малтретирал малолетнички, поднесено обвинение

Од:

Државното правобранителство во Загреб, по спроведена истрага, поднесе обвинение пред Жупанискиот суд против хрватски државјанин (2001) за сторени повеќе кривични дела сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, повеќе кривични дела против личната слобода, кривични дела против приватноста, повеќе кривични дела против сексуалната слобода, известуваат хрватските медиуми.

Како што соопштија, во обвинителниот акт обвинетиот се товари дека горенаведените кривични дела ги извршил на територијата на Република Хрватска од неутврден датум во 2014 година до крајот на октомври 2022 година, на штета на повеќе полнолетни и малолетни жени.

Жупаниското државно правобранителство во Загреб во обвинението предложило продолжување на притворот против обвинетиот до завршување на кривичната постапка поради опасност од повторување на кривичното дело.

Меѓу жртвите има и 31 малолетник

Станува збор за монструм кој беше уапсен во октомври 2022 година во голема полициска акција. Тој бил осомничен за силување, подведување деца, закани и проституција, а ова е само дел од вкупно 57 кривични дела извршени од него над 36 жртви, од кои 31 малолетни.

Со текот на годините, низ низа многу добро подготвени активности, младиот човек најпрво навидум невино стапил во контакт со малолетници на социјалните мрежи, што брзо би прераснало во закани и злоупотреба.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари