Детали за убиството во Капиштец: Заедно се коцкале па пукал во жртвата, го докрајчил со кундак по глава

Од:

Арачиновец, 46 годишен, е жртвата која утринава беше убиена во скопската населба Тафталиџе, убиецот е во бегство.

Пукањето се случило во казиното „Вин Вин“, кај Млечениот ресторан во Тафталиџе, кој се наоѓа на самата главна улица бул. ‘М.Т. Гологанов’, која е фреквентна.

МВР потврди дека жртвата е 46-годишен маж од Арачиново.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место

Според првичните сознанија жртвата во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба. Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното.

Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата.

Овие информации ги потврди и Обвинителството.

Жртвата им подлегнала на повредите на лице место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од лице место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видео надзорот на објектот.​​

 

Би можело да ве интересира

Брутално двојно убиство во Шпанија: Маскиран напаѓач се приближува и почнува да пука во луѓе пред кафуле

Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Уапсен е возач кој управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

А1он

Левица: Тошковски продолжува со алармантни тендери-милиони ќе се слеат во блокирани и фантом фирми

Предраг Петровиќ

МВР: Уапсени се четворица осомничени криминалци во акцијата „Букнер“

А1он