„Сите ваши деца ќе умрат“ – Македонска организација испратила закани за бомби во училиште во Бугарија

Од:

Проруска македонска националистичка организација испрати мејл со закани до училиштата во Стара Загора, Бугарија, објави БГНЕС.

Ова го пишува во содржината на електронскиот мејл кој стигнал до раководството на училиштето која ја објави бугарскиот медиум.

„Ние сме организација на македонски националисти. Уморни сме од Бугарија и нејзината политика. Сите училишта Стара Загора ќе бидат разнесени од нашите бутански бомби. Сите ваши деца ќе умрат. Слава на Македонија. За Русија“, стои во содржината на писмото.

14 училишта денеска добиле закани преку електронска пошта, а во пет од нив евакуирани ученици и затворени, соопшти полицијата.

Некои од училиштата се добиле закани трет пат по ред. Останатите, кои вчера беа затворени, денеска почнаа со настава во 10 часот.

Според упатените, заканувачките писма имаат малку поинаков текст од оној што образовните институции го добиле на првиот ден од нападот, на 27 март.

Би можело да ве интересира

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства