ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ косење трева 1,5 милиони евра поскапо од лани

Од:

ЈПДП со кое управуваат СДС и ДУИ плаќа 2,5 милиони евра за чистење покрај пат и косење на трева покрај пат. Цената со која што се плаќа за косење на еден метар квадратен тревна површина е 25 пати поскапа од цената која што „Македонија пат“ ја платила со договор склучен од 2021 година велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Договорот кој што „Македонија пат“ го има и каде што цената за косење на метар квадратен тревна површина е 25 пати помал од тој на ЈПДП, е се уште активен, но и покрај тоа ЈПДП распишува нов оглас и плаќа поскапо за истата работа. Договорот кој што „Македонија пат“ го обезбедила е во вредност од 1 милион евра за две години, додека пак договорот на ЈПДП е во вредност од 2,5 милион евра. Разликата е 1,5 милион евра. Каде завршуваат 1,5 милион евра разлика во цени и дали тоа е причината за склучување на нов договор, додека се уште постои активен договор за истата работа? Со СДС и ДУИ парите на народот се крчмат на милионски тендери, се наведува во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски