Организаторите на Мастерсот во Монте Карло, првиот сезонава што се игра на земјена подлога, официјално го потврдија доаѓањето на вториот тенисер во светот.
Турнирот кој ќе се игра од 9 до 16 април ќе изобилува со големи ѕвезди, а целиот фокус ќе биде ставен на Новак кој по трет пат на овој турнир ќе се обиде да го освои пехарот и Рафаел Надал кој беше потврден како учесник два дена претходно.
Тоа ќе биде прв турнир за Надал по раната елиминација на Австралија опен и ќе се обиде да ја освои рекордната 12-та титула.
Што се однесува до Ѓоковиќ, кој деновиве напорно се подготвува на терените во Дорчол, има одличен скор од 15-1 сезонава и титули на турнирите во Аделаида и Австралија опен.
🎾 22 Grand Slam titles, recent winner of the @AustralianOpen
🇷🇸 @DjokerNole will be more than ever present to get his third trophy in #montecarlo #RolexMonteCarloMasters #Djokovic pic.twitter.com/th1K03zgO6
— Rolex Monte-Carlo Masters (@ROLEXMCMASTERS) March 25, 2023
Што се однесува до Монте Карло, ова ќе му биде 16-ти настап, а таму има 35-13.
Титулите ги освои во 2013 година против Надал и две години подоцна против Томаш Бердих, а во финалето загуби уште два пати од Рафаел Надал.
На турнирот ќе настапи и светскиот рекет број еден Карлос Алкараз, а потоа следуваат Стефанос Циципас, Каспер Руд, Тејлор Фриц, Даниил Медведев, Андреј Рубљев, Холгер Руне, како и Феликс Огер-Алиасим.
Титулата ќе ја брани Стефанос Циципас.