Ковачевски и Груби се во паника, 10 пратеници од власта нема да гласаат за уставни измени тврди ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Ковачевски и Груби се во паника, пратеници од СДС и ДУИ не се за уставни измени. Ковачевски молчи и не кажува дали тројца пратеници од првата и втората изборна единица му кажале дека ако е се на маса овие уставни измени тие нема да гласаат велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски молчи и дали 6-мина пратеници од внатрешноста на му рекле дека уставните измени, се најлошото нешто што може оваа влада да го направи. Ковачевски има проблем со 9 негови пратеници, кои се против лошите политики кои ги води тој на штета на државата. И во СДС има луѓе кои знаат како и во која насока треба да оди државата, но тие се потиснати од Ковачевски и луѓето околу него. Покрај пратениците на СДС, и еден пратеник од ДУИ е под прашалник. Груби молчи и не кажува дали еден пратеник од неговата партија побарал пари за да гласа?
Ковачевски и Груби се во паника, затоа беа сите егзибиции во изминатиов со владино мнозинство. И Ковачевски и Груби знаат дека Уставни измени нема да има, само сакаат да владеат уште некој месец повеќе, за некоја зделка и матен тендер плус. Ковачевски и Груби не се за ЕУ, тие се за себе, за личен бенефит. Народот ќе ги порази таквите политики, врз база на национални отстапки да се прави криминал со надеж дека ќе помине неказнето, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт