Бебе е извлечено од реката Морача, во Подгорица, додека 62-годишна жена се удави.
Вака за црногорски „Вијести“ велат од Полициската управа, објаснувајќи дека околу 11.20 часот биле известени дека во реката биле забележани жена и бебе.
Според истите информации, бебето било извлечено од водата од граѓани. Тоа е пренесена во Детската болница.
Како што пренесуваат медиумите, се претпоставува дека бабата со внукот во раце скокнала во Морача од мостот Блаж Јовановиќ.