Извесно е дека кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ и кандидатот на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ ќе се натпреваруваат за претседател на Црна Гора во вториот круг од претседателските избори.
Првите проекции врз основа на над 80 отсто од обработениот примерок на ЦДТ и ЦеМИ Ѓукановиќ има меѓу 35 и 36 отсто гласови, додека Милатовиќ има меѓу 28 и 29 отсто гласови.
Мандиќ има меѓу 19 и 20 отсто, Бечиќ над 11, Вуксановиќ Станковиќ малку над три, Даниловиќ околу 1,5, а Радуловиќ под еден процент.
Вториот круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.