Власта не се откажува од Шпанските скали

Од:

Министерството за транспорт и врски повторно во обид да ги изгради Шпанските скали.
По првиот неуспешен, повторно објави оглас за продажба на последната слободна парцела на плоштадот „Македонија“.

На овој простор сака да изгради комерцијално – деловниот објект со приземје и три ката, но и Шпански скали, кои треба да бидат насочени кон споменикот „Воин на коњ“.

Градежната парцела е со површина од 1.046 метри квадратни, а почетната цена е 6.000 денари за метар квадратен. Сопственик ќе биде познат на 15 октомври.
###

Како и сите објекти од контроверзниот проект „Скопје 2014“основниот проект ќе треба да го одобри посебна Комисија од надлежното министерство.

А1он побара мислење од Општина Центар. Еве што стои во нивната реакција:

Министерството за транспорт и врски може да објави оглас за јавно надавање на градежно неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија, но во конкретниот случај, за објекти од втора категорија, одобрението за градење го издава општина Центар.

Според актуелниот ДУП – Централно градско подрачје на град Скопје МАЛ РИНГ, на градежната парцела со ознака 1.5.1, е предвидена површина за градба со комерцијални и деловни намени.

Шпанските скали во графичкиот прилог се прикажани надвор од површината за градба, односно надвор од градежните линии.
###

Се што е надвор од градежна линија, не може да биде предмет на градба иако во одредбите на планот е наведено: Со реализација на објектот, инвеститорот потребно е да го изгради и скалишниот простор кој гравитира кон плоштадот.

Се поставува прашањето: Како ќе ги изгради Шпанските скали, ако не се предвидени во површината за градба?!

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски