Во Полска уапсена е група под обвинение дека се руски шпиони

Од:

Група странски државјани денеска е уапсена во Полска поради сомнение дека шпионирале за Русија.

Би-Би-Си јави дека локалните медиуми објавија дека шест лица се приведени под сомнение дека поставиле тајни камери за снимање на чувствителни инфраструктурни објекти кои се користат за доставување воена помош за Украина.

Радио станицата RMF FM извести дека оваа шпионска ќелија подготвила планови за саботажа и поставила десетици камери во близина на железничките јазли и важни транспортни рути во полската провинција Субкарпатија, која граничи со Украина.

Полските медиуми не наведуваат од кои земји се уапсени за шпионажа.

Неколку камери беа пронајдени и во близина на мал регионален аеродром кој е претворен во меѓународен логистички центар за испорака на воена и хуманитарна помош за Украина.

Овој аеродром се смета за многу чувствителен инфраструктурен објект кој вооружените сили на САД го заштитија со противвоздушни ракетни системи Патриот.

Американскиот претседател Џозеф Бајден неодамна слета на овој аеродром на пат за Киев, како што се потсетува во извештајот на британскиот јавен сервис.

Би можело да ве интересира

Економист: Москва наредува руската мафија во странство да финансира шпиони

Како „паднаа“ руските шпиони во Словенија: Изнајмиле канцеларија, лажеле дека се занимаваат со антиквитети

А1он

Во Словенија уапсени двајца руски шпиони

А1он

Шведска е потресена од најголемиот шпионски скандал во нејзината историја

ВИДЕО: Украинците упаднаа во манастир во Киев, веруваат дека таму биле руски шпиони

А1он

Првиот човек на МИ5: Руските шпиони го претрпеа најголемиот стратешки удар во поновата историја

А1он