ВИДЕО: Украинците упаднаа во манастир во Киев, веруваат дека таму биле руски шпиони

Од:

Припадници на полицијата и украинските безбедносни служби рано утрово извршија претрес во православен манастир стар илјада години во главниот град на Украина. Украинските власти објавија дека се сомневаат дека руска шпионска мрежа дејствува внатре во манастирот и врши „субверзивни активности“, пренесува Sky News.

Комплексот Киевско-Печерска Лавра каде што беше извршена рацијата се смета за украинско културно богатство и е седиште на крилото на Украинската православна црква поддржано од Русија. Службата за безбедност на Украина соопшти дека рацијата била извршена за да се спречи користењето на манастирот како „центар на рускиот свет“.

Оттаму додаваат дека постои основано сомнение дека областа се користела за криење на субверзивно-извидувачки групи и странски државјани и за складирање на оружје. Службите не навлегуваа во детали за резултатите од рацијата.

Во мај, Украинската православна црква се одвои од Московската патријаршија и прогласи целосна независност. Тие, исто така, го осудија поглаварот на Руската црква, патријархот Кирил, за неговата поддршка за инвазијата.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ