ВИДЕО: Камиказа дрон удри во британско борбено возило испорачано на Украина

Од:

Оклопно возило Stormer HVM доставено од Британија на Украина беше погодено од руски дрон. Ова е уште едно од видеата кои редовно и секојдневно ги објавуваат и руската и украинската страна.

Твитер профилот UAVeapons објави видео од руско камиказа беспилотно летало како удира во британско оклопно возило.

Рускиот дрон користен во нападот е камиказа Лансет. Ова не е првпат да се споменува овој дрон. Од почетокот на војната, освен иранските дронови Шахид, Лансет е најдобриот дрон во руската офанзива во Украина.

Ова видео прикажува напад на Лансет врз британскиот Stormer HVM од перспектива на друг руски дрон. Друго руски беспилотно летало, најверојатно за извидување и набљудување на бојното поле, го снима Лансетот кој удира директно меѓу шасијата и куполата на военото оклопно возило Stormer HVM.

Видеото завршува со огромен облак чад кој доаѓа од британската воена машина, но не покажува точно колкава штета претрпела возилото.

Би можело да ве интересира

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски