Претепан поранешен грчки министер: Нападнат пред ресторан

Од:

Поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, беше нападнат и претепан од група луѓе во атинската населба Егзархија, пред ресторанот каде што бил.

Според првите информации, група луѓе му пришле на Варуфакис кој седел во ресторан, почнале да го навредуваат и туркаат и на крајот физички го нападнале, пренесува порталот Катимерини.

Еден напаѓач го удрил Варуфакис со тупаница по лицето, повредувајќи го поради што бил пренесен во болница каде му била констатирана фрактура на носната коска. Партијата на Варуфакис МеРА25 соопшти дека тој бил подложен на „храбар фашистички напад“.

„Денешната епизода нека послужи како потсетување на оние кои намерно продаваат лажна и клеветничка приказна што ја искористија денешните насилници. Им порачуваме: не се плашиме, не бегаме, не отстапуваме. Во мракот одговараме со еден збор: ДЕН“, се вели во соопштението на МеРА25.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го осуди нападот врз Варуфакис и посочи дека насилството не може да се толерира.

„Нападот врз господинот Варуфакис е апсолутно за осуда и нашата Република не може да го толерира. Му посакувам брзо закрепнување и сигурен сум дека грчката полиција ќе направи се за да ги изведе сторителите пред лицето на правдата“, напиша премиерот во својата објава.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески