(ВИДЕО) Андреева-Малкова од БНР: Чекаме Бугарите да бидат впишани како рамноправен народ во Уставот на Македонија

Од:

Бугарија со внимание следи кога ќе стартува процесот на уставни измени и очекува Бугарите бидат впишани како рамноправен народ со другите народи во Македонија.

На прес-конференцијата во бугарското министерство за надворешни работи, директорката на Дирекцијата на Југоисточна Европа во БНР, Вања Андреева-Малакова истакна дека во фокусот на надворешната политика на Бугарија се заштитата на правата на Бугарите во Македонија, Косово и Албанија, уставните промени во македонското Собрание и имплементацијата на препораките од заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

– По прашањето за законодавството во Македонија, следиме со внимание кога ќе стартува процесот на промена на уставот во Собрнанието. Откако ќе се впишат Бугарите како рамноправни со другите народи во Македонија, ќе биде неопходно да биде усогласено целото законодавство кое го регулира тоа прашање и тоа е предвидено со протоколот од јули 2022.

Што се однесува до нашата контрола на кој начин се исполнуваат резултатите од работата на Комисијата треба да се каже дека Владите ги одобруваат препораките на Комисијата. Тоа се прави со протоколите кои ги потпишавме, таму роковиѕе се многуи прецизни. Препораките на Комисијата треба да бидат имплементирани за две години. Оние препораки кои беа објавени минатото лето да бидат исполнети до учебната 2024/2025 година, односно согласно динамиката на промена на учебниците – рече Андреева-Малкова.

Би можело да ве интересира

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски

Бугарија: Пожар зафати 25 куќи, наредена е масовна евакуација