Обвинителството потврди: две лица имаат информации за киднапирањето на внукот на Љубе – се бара притвор

Од:

Внукот на Љубе Бошкоски бил киднапиран. Според официјални информации уапсени се две лица за кои полицијата открила дека имале контакт со исчезнатиот Самоил и тоа откако му се изгуби трага во близина на чешката амбасада во Скопје.

Од Обвинителството за А1он го потврдија случајот.

„Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик.

Во интерес на постапката, Јавното обвинителство не е во можност да сподели повеќе детали во овој момент,“ изјавија од Обвинителството за А1он.

Според досегашните информации 26 годишниот Самоил Костадиновски исчезнал на 04.03.2023, а исчезнувањето го пријавил неговиот брат. На местото каде е последен пат виден е пронајден неговиот автомобил, а неговиот телефон беше недостапен. Неговите пријатели тврдеа дека е киднапиран бидејќи од местото каде е последен пат виден заминал со други лица и со нивниот автомобил, а веќе им кажал дека има проблеми со одредени лица.

МВР разговараше со сите очевидци но беа проверувани и сите безбедносни камери од околните објекти со цел да се потврди тврдењето дека Самоил заминал со други лица. Според нашите информации токму снимките од камерите и дале трага на полицијата која водела до апсењето вечерва на двете лица.

На кој начин тие се инволвирани во апсењето ќе покаже истрагата, засега тие се задржани според член 141 од Кривичниот законик – грабнување, што значи или имаат информации за исчезнувањето на Самоил или директно тие се сторителите – истрагата ќе покаже.

Самоил Костадиновски е син на братот на сопругата на Љубе Бошкоски. Таа уште пред два потврди дека е исчезнат нејзиниот внук.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ