ВМРО-ДПМНЕ: Наркокартелите се во коалиција со власта на Ковачевски и Груби

Од:

Власта на Ковачевски и Груби и полицијата на Спасовски дозволија наркокартелите да владеат со улиците и дрско да се пресметуваат меѓу себе. Наместо да се кријат и да бегаат од полицијата тие во полн локал се изрешетаа на неколку стотина метри од плоштадот во Скопје, Владата и полициска станица. Ова само покажува дека безбедноста на граѓаните е ниво нула, дека бандите хараат низ градот, а полицијата е неспособна да им застане на патот велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ваквото свирепо убиство не е прво, а како и за досегашните полицијата нема абер да го расветли. Тоа е резултат на неспособноста на Спасовски. Што уште треба да се случи овој човек да поднесе оставка. Наркокартелите се борат за превласт, делат региони, а нивните членови наместо да бидат гонети се сликаат со врвните функционери од власта. Ова го нема ниту во Колумбија, ниту на било кое место во светот. Токму заради коалицијата на политичарите на власт со подземјето, мафијашите се осоколени да ги порамнуваат своите сметки вака среде главниот град. Ова беззаконие е резултат на криминализираноста на власта. Ова мора да престане. И криминалната власт и нивните пријатели од наркобандите мора да се соочат со правдата се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

На Груби куќниот притвор му завршува за една недела, приложи гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителните мерки