Почина легендарниот фудбалер и стрелец Жист Фонтен

Од:

Легендарниот француски фудбалер и стрелец, Жист Фонтен, почина на 90-годишна возраст.

Фонтен во текот на кариерата остана запаметен во дресот на Рамс, за кој одигра 131 натпревар и постигна дури 122 гола, додека во историјата најдобро се памети по тоа што постигна дури 13 гола на турнирот на Светското првенство во Шведска.

Освен тоа достигнување, тој постигна вкупно 30 гола за репрезентацијата во која настапи на „само“ 21 натпревар.

Роден е во Мароко во 1933 година, кариерата ја започна во Казабланка, каде постигна 62 гола на 48 натпревари, а потоа играјќи за Ница имаше скор од 69 натпревари и 42 гола, што ќе доведе до фактот дека за малку ќе постигнеше гол по натпревар во кариерата – имаше 248 натпревари во клубови и постигна 226 гола.

Би можело да ве интересира

Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Почина поетесата и авторка за деца, Славка Арсова

Почина писателката Оливера Николова

Почина Квинси Џонс

Македонската естрада се збогува од Зоки Фаци

Катерина Ѓуровски

Почина Зоки Фаци, ја загуби битката со ракот

Катерина Ѓуровски