Министерството за вонредни состојби на Русија соопшти дека шест лица, меѓу кои две деца, загинаа во пожар во хотел во центарот на Москва.
Пожарот пламнал во зграда во која се сместени хотел и поранешен хостел.
Противпожарните служби брзо интервенираa.
„Евакуирани се 200 луѓе…Во пожарот се повредени девет лица. Шест лица загинаа: четворица возрасни и две деца“, се вели во соопштението на Министерството.