Мицевски: Формално правно Беким Сали се уште е министер, СДСМ не може да му каже да потпише плати

Од:

Пратениците од власта обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ кочело да се обезбеделе плати во здравството, а што да се каже после ова, а формално правно Беким Сали се уште е министер, ни даде оставка, ни е разрешен, гласањето не е завршено, и има министер формално правно. А тоа што за една година се доведоа во ситуација да не смеете да му кажете на Беким Сали да потпише плата е треба да се запрашаат самите себе. За 10 месеци реформи не се прават, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Според него се ова што се прави е за спас на врвот на владата и одредени луѓе и тендерашко бизнис криминални групи, а пратениците од власта поддржуваат се.

– Ветуваа дека Беким Сали ќе ја донесе промената во здравството, сега го разрешуваат исто викаа и за Алити во министерство за администрација и информатичко општество. Не им се брза затоа што се кочат процеси или затоа што чекаат граѓаните, туку затоа што им се брза за коалициските математики. Затоа што нивните почнуваат да негодуваат. Тоа е целта на оваа реконструкција, истакна тој.

Мицевски посочи дека од една страна власта вика опозицијата го блокирала Собранието, а потпретседателот на Собрание вели дека работеле перфектно.

– Сега работи или не? Кочиме или не? Кога ќе зборувате договорете се кој ќе ја кажува вистината. Викаат не сме го гласале договорот за Фронтекс, а помина на комисија за надворешни работи која ја води ВМРО-ДПМНЕ. Во овие 6 години ниту видовме некој успех ниту напредок ни реформа, само напредок во реформа, криминал и вработување на блиски и тендери, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време