Шпанскиот филм „Ѕверови“ на Родриго Сорогоен, кој ќе биде прикажан во Главната натпреварувачка програма на 51. ФЕСТ, освои девет награди ГОЈА – шпански еквивалент на Оскарите.
Членовите на Шпанската академија за филмски уметности и науки на 37-та церемонија на доделување награди, одржана викендов, му ја доделија на филмот „Ѕверови“ – Гоја за најдобар филм, режија, оригинално сценарио, главен актер (Дани Менош), споредна женска улога (Луис Сахер), фотографија, монтажа, оригинална музика и звук.
Ваквиот современ вестерн ја „освои“ публиката во Франција и Шпанија, а светската премиера ја имаше во Кан. Наградуван е на фестивали во Сан Себастијан, Анталија, Токио, Алмерија, Чикаго, Хаинан итн.
„Ѕверовите“ (As bestas / The Beasts) е приказна за средовечна француска двојка која се преселува во Галиција, но нивното присуство во соседството предизвикува тензии. Родриго Сорогојен изјавил дека тоа е „бајка заснована на вистински настан“ и дека тој и сценаристката Изабел Пења сакале да го покажат денешниот „сеприсутен фанатизам, недостаток на дијалог и целосно непочитување на другата страна“.
„Ѕверови“ е четврти долгометражно режисерско дело на Родриго Сорогоен.
Дебитираше како корежисер на „Осум средби“ со Перис Романо, а потоа ги сними и признатите и наградувани филмови „Бог да ни прости“, „Падот на кралот“ и „Мајка“. Тој беше номиниран за Оскар за краткиот филм „Мајка“.