Американската војска собори уште еден објект на висока надморска височина над езерото Хјурон. Веста за соборувањето на непознатиот објект ја пренесуваат американските медиуми повикувајќи се на воени извори.
Како што е потврдено на официјалниот Твитер профил на сенаторот Џек Бергман од Мичиген, попладнево по локално време борбениот авион Ф-16 соборил уште еден неидентификуван објект. Овој пат соборувањето се случи над езерото Хјурон во Големите езера.
„Денес бев во контакт со војската во врска со операциите низ регионот на Големите езера. Војската на САД собори уште еден објект над езерото Хурон. Ја ценам решителната акција на нашите пилоти на ловци. Американскиот народ заслужува многу повеќе одговори отколку што добиваме ние“ објави тој.
Оваа операција го одбележува трет ден по ред кога неидентификуван објект е соборен над северноамериканскиот воздушен простор.
Неидентификуван објект беше соборен над северна Канада во саботата.
Во петокот, американски Ф-22 собори неидентификуван објект во воздушниот простор на Алјаска.