Два пати имав средба со НЛО-првпат прозборе поранешниот директор на ЈАТ

Од:

Велибор Вукашиновиќ, воен и пробен пилот, како и поранешен директор на ЈАТ, гостуваше во емисијата Усијање, каде отворено ги сподели своите искуства во врска со средбите со неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Вукашиновиќ откри дека во кариерата како припадник на воздухопловните сили имал две средби со објекти од НЛО.

„Првпат го видов во една прилика во раните 80-ти. Тоа е веќе феноменот на планината Ртањ. На тренинг лет видов НЛО над Топола што беше далеку и полека се движеше“, рече Вукашиновиќ и додаде:

„Вториот пат беше со Радој Ракочевиќ, мојот тогашен студент. Седевме во борбен авион и летавме над Батајница кога видовме објект како лета над Хиподромот Панчевац. Беше сребрено тело, елипсовидна структура. Ние ја информиравме контролата на летање и полетавме кон тој објект. Во еден момент тој само антигравитациски исчезнува пред нашите очи“, изјави Вукашиновиќ.

Првата јавна расправа во американскиот Конгрес за неидентификувани летечки објекти (НЛО) по 50 години започна деновиве. Долгоочекуваното сведочење на високи воени функционери кои истражувале НЛО ќе бидат проследени откако оваа тема била обвиткана во тајност со децении. Тројцата сведоци зборуваа за тајната програма, средби со НЛО, пронајден биолошки материјал наводно од нечовечко потекло, но и за стравот на пилотите да проговорат за тоа, поради наводна одмазда кон свиркачите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Досијеа икс“ на француски начин: научници го објаснуваат феноменот НЛО

Катерина Ѓуровски

Вонземјани го киднапираа мојот дедо: Легендата на УФЦ верува во живот на други планети

Предраг Петровиќ

Лекарите ја завршија анализата на наводните вонземјани, нивните заклучоци ја искомплицираа ситуацијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

ВИДЕО: Селаните во Перу бараат воена помош поради „напад од вонземјани“

Предраг Петровиќ

Пилоти над Словенија виделе НЛО? Чуден разговор со контролата на летот: „Силна светлина доаѓа кон нас“

Предраг Петровиќ