Силниот ветер откорна бандери и дрвја во Кавадаречко

Од:

Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа.

– Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, службите од „Мој општинар“ и Јавното претпријатие „Комуналец“. Нивни екипи интервенираа на местата каде што беше потребно. Всушност, имаше проблеми со паднати бандери од кои поголемиот дел се сопственост на ЕВН и „Телеком и искорнати дрвја по патот, предизвикани од силниот ветер на кавадаречка територија, соопштија од Општината.

Оттаму апелираа до кавадарчани доколку имаат каква било потреба од интервенција, да се јават на бесплатните телефонски броеви 13 300 и 193, за да добијат поддршка во надминувањето на евентуалните проблеми.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски