ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот со прославата на Делчев покажува системска неспособност

Од:

Хаосот со прославата на раѓањето на Гоце Делчев покажува дека државата е во распаѓање и системска неспособност која се гледа во секоја од областите велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Срамно е тоа што поделбите и омразата се толку големи што одбележувањето на раѓањето на херојот помина во знакот на стотици ангажирани полицајци, хеликоптери, борни коли. Ова ли е пријателство со Бугарија за кое СДС и ДУИ говорат. Постојани навреди, закани, омаловажувања кои доаѓаат од источниот сосед, додека Владата нема никаков одговор. Историска комисија чии позиции се сомнителни и без јасни ставови. Никој од јавноста не знае за што се преговара и кои се македонските позиции. Како што се неспособни од власта на Ковачевски и Ахмети во економијата, енергетиката, стопанството, тие се неспособни и во менаџирањето на односите и во секој еден од сегментите водењето на држава. Сликата на стотици полицајци како ги чуваат моштите на Гоце Делчев од живите наследници покажува дека државата е на погрешна патека. На погрешна патека сме и поради фактот што премиерот на државата Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби со останатата свита како криминалци се прикрадоа на гробот на Делчев далеку од народот кој остана зад барикадите. Тоа е поради фактот што не сакаат соочување со народот. Тоа соочување мора да дојде, и ќе се случи на изборите кои се решение на тоа да престане пропаста на државата се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му