Десетгодишно дете било погодено од гром на плажа во близина на Волонгонг. Службата за брза помош во Нов Јужен Велс соопшти дека несреќата се случила откако невреме ја погодило областа, пишува „Гардијан“.
Болничарите биле на местото на настанот и го реанимирале малото момче. Од полицијата велат дека детето го преживеало ударот на гром, но дека се уште е под опсервација. Австралиското биро за метеорологија издаде предупредување за силна бура за големи делови од источен Нов Јужен Велс, вклучително и области околу Волонгонг.