Бугарскиот амбасадор во Скопје повикан на консултации во Софија поради случајот Пендиков

Од:

Бугарија го повика својот амбасадор во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов, на консултации во главниот град.

„Причината за неговото привремено враќање во земјава е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Македонија и ескалацијата на дејства и злосторствата од омраза против нив во последните месеци: подметнување пожар во културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола во јуни 2022 година, три последователни напади на зградата на организацијата „Цар Борис Трети“ во Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Северна Македонија, бруталниот напад на 19 јануари, 2023 година на Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Крал Борис Трети“ во Охрид, како и донесување во ноември 2022 година на дискриминаторскиот Закон за фондации и здруженија во Северна Македонија“, соопшти Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.

Целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи.

Би можело да ве интересира

Со распит на сведоци продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид

Горан Наумовски

Првпат во суд се појави и второбовиниетиот за случајот „Пендиков“, рочиштето одложено

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

A1on

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

A1on

(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Имало страшно брзање да се поднесе обвинение, случајот Пендиков е политички

A1on