Петрушевски: Градоначалникот на Крива Паланка е избран да се грижи за народот, а не да тепа граѓани

Од:

Насилството стана белег на СДС и нивните функционери. Навредуваат, етикетираат, а сега веќе почнаа и да тепаат граѓани. За жал најдобар пример за тоа е градоначалникот на Крива Паланка, кадар на СДС, Сашко Митовски кој на 14 јануари во алкохолизирана состојба и без никаква причина нападнал полицаец, граѓанин, а згора на сето тоа вршел притисок врз жртвата да не го пријавува случајот рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– МВР на Спасовски и правосудните институции под контрола на СДС да не помислуваат да го забошотат случајот. На МВР му требаа 4 дена да го објави овој случај, периодот кој најверојатно бил искористен да се вршат притисок. Но видоа дека притисокот на јавноста е голем и народот веќе не им се плаши. Ваков скандал на насилство на градоначалник врз граѓанин не може да помине само со укор, условна казна или ослободителна пресуда за Митовски. Избран е од народот да работи за нивните интереси, а тој позицијата на моќ ја користи да ги тепа граѓаните и да врши притисоци. Затоа овој случај не е обичен случај на насилство забележан во полицискиот билтен. Затоа Митовски треба да си поднесе оставка, за да не влијае на постапката и да не го повтори делото во некоја негова нова афектна состојба вели Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски