Ахмети за влезот на Алијанса во Владата: Мнозинството е стабилно, но може да се прошири

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети смета дека парламентарното мнозинство е стабилно, но дека има простор за влез на нова партија во Владата, особено ако има европски пристап, коментирајќи ги разговорите на Алијанса за Албанците со СДСМ за влез во извршната власт.

– Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно но има поопширен и перспективен пристап да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа. Евентуалниот влез на Алијанса во Владата нема никаква врска со „огнената група“ – рече Ахмети одговарајќи му на потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити на изјавата дека тенденцијата за влез на Алијанса во Владата е да се замолчи групата која ја предводи тој.

И лидерот на Алијанса, Арбен Таравари неодамна изјави дека постои реална можност неговата партија да влезе во Владата.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Албанците сакаат еднаква држава, интегрирана во НАТО и ЕУ

А1он

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

(ВИДЕО) Ахмети: Четврт векот од Охридскиот договор да не најде горди како вчера, а не омаловажени и потценети, како денес

Катерина Ѓуровски