МВР: ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже или се недоветни па не знаат дека МВР нема врска со затворската полиција

Од:

Министерството за внатрешни работи ги демантира тврдењата нна ВМРО-ДПМНЕ изнесени во денешното соопштение во врска со командирот на затворската полиција во Идризово, а околу случајот со бегството на осуденик.

– Станува збор или за свесно лажење или за комплетна неписменост и недоветност, затоа што и полуписмен човек знае дека МВР нема врска со затворската полиција, туку таа е во склоп на Министерството за правда односно Управата за извршување санкции. Оттаму министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ниту можел ниту има било каква врска со именувањето командири во затворот Идризово, затоа што буквално нема никаква надлежност за тоа. Бараме ВМРО-ДПМНЕ да се извини и да ги повлече ваквите неверојатни лаги кои ги пласираат во јавноста се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ