Промовиран концептот е-учење за администрацијата

Од:

Континуирана едукација, подобрување на знаењата и вештините се целите на новите електронски курсеви што од идната година ќе бидат задолжителни за државните службеници.

Како што рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, секој вработен во администрацијата годишно ќе треба да помине минимум 30 часа електронска обука.

– Со тоа очекуваме ефикасноста, љубезноста, транспарентноста и услугата на јавната администрација да бидат на многу повисоко ниво, истакна Ивановски, промовирајќи го системот.

Проектот е изготвен со британска поддршка, а ќе стартува на крајот од 2013. Први ќе го користат вработените во Министерството за информатичко општество и администрација.

– Не верувам дека електронското учење може да го замени формалното, но е одлична дополнителна алатка чија придобивка е огромната достапност до информации и флексибилноста, рече британскиот амбасадор Кристофер Ивон кој присуствуваше на промоцијата.

Курсевите се поделени на лекции за кои државниот службеник ќе има на располагање и македонска и странска литература. По секое завршување ќе се полагаат испити и ќе се доделуваат сертификати.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски