Низ Германија пожарникарите и полицајците биле нападнати на новогодишната ноќ со ракети со огномет и моќни петарди, а епилогот бил десетици повредни и апсења. Млад човек (17) им подлегнал на повредите од пиротеника во Лајпциг.
Затоа пожарникарскиот и полицискиот синдикат бараат да се воведат камери за снимање на нивните постапки, како и целосна забрана за пиротехниката, која во Германија за новогодишната ноќ е нешто како национален спорт.
Само во Берлин полицијата и пожарникарите излегоа на терен 3.943 пати за време на новогодишната ноќ. Повредени се 33 полицајци и пожарникари.
Во квартот Кројцберг биле запалени барикади, а потоа, како што пишува Билд, „200 маскирани“ со пиротехнички средства ги нападнале полицајците и пожарникарите.
Во квартот Нојкелн имаше околу 50 демонстранти, некој пукал со експлозивна направа кон полициско возило. Во Берлин се приведени повеќе од 100 луѓе.
Синдикатот на пожарникарите бара нивните возила да бидат опремени со камери, кои обично се монтираат на шофершајбната. Така, нападите би можеле подобро да се документираат.
Берлинскиот полициски синдикат бара забрана за продажба на пиротехнички средства и бара пиротехниката да ја користат само оние кои професионално се занимаваат со нив и се однесуваат одговорно.
Но, не се работи само за напади врз функционери, бидејќи повторно има долга црна листа на повреди кои луѓето си ги нанесуваат со петарди.
Во Шенебек на истокот на земјата, маж (42) од улицата пукал петарди и загинал кога во него удрил автомобил. Во Уна, на западот на земјата, петарда паднала на хаубата и повредила двегодишно момче.
Имаше многу лица со повреди на рацете и очите. Во Фрајмар во провинцијата Тирингија, маж (42) се повредил толку тешко со петарди нарачани на Интернет што му биле ампутирани двете подлактици.
Германците трошат повеќе од 120 милиони евра годишно на пиротехника.