ВИДЕО: Огномет ги вознемири жителите на Карпош, пукањето пријавено во полиција

Од:

Силни татнежи вечерва ги вознемирија жителите на општина Карпош, за време на полицискиот час.

Додека улиците се празни и надвор е тивко, жителите на Карпош и околните места се исплашиле бидејќи мислеле дека станува збор за истрели од оружје, за потоа, да добијат информација дека бил активиран огномет.

Според жители на Карпош 4, огнометот бил испукан во близина на џамијата во Долно Нерези. Затечени биле и сопствениците на миленици, кои, во тој момент биле излезени во околу нивните згради.

Непознато е кој го активирал и дали тоа го правел на јавна површина, што пак, би било спротивно прописите и би значело непочитување на полицискиот час.

Случајот е пријавен и во полиција, потврдија од МВР за „А1он“. По пријавата, на терен се излезени полициски службеници кои ќе треба да утврдат за што станува збор, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Белград се откажа од новогодишниот огномет-парите за здруженија за заштита на животните

Предраг Петровиќ

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Новогодишен огномет – црн биланс во Германија

Горан Наумовски

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он